НАШАТА ЗАЕДНИЧКА ЦЕЛ

Што сакаме да бидеме

Евофарма претставува иновативен маркетинг партнер за позиционирање на пазарот на фармацевтски производи и производи за заштита на здравјето на потрошувачите во Швајцарија, Централна и Источна Европа.

„Ние го осигуруваме нашиот успех како независна компанија управувана од својот сопственик преку систематско проширување на нашите фармацевтски производи и производите за заштита на здравјето на потрошувачите. Ние, исто така, ги зајакнуваме и нашите деловни активности со болниците со цел проширување на портфолиото на производи, а со тоа да го зголемиме и приходот.“

Alain Staub, претседател на одбор и CEO

ШТО ПРАВИМЕ

Нашиот модерен пристап до пазарот, како и маркетинг способностите, ни овозможуваат да пристапиме и развиеме нови пазари со иновативни и висококвалитетни терапии и производи.

„Тимскиот дух е навистина жив во нашата компанија и сите придонесуваме за развивање и стимулирање на овие главни способности.“

ШТО НУДИМЕ

Ние систематски го зголемуваме опсегот на лекови кои се издаваат со рецепт, како дополнување кон нашите брендови и брендовите на нашите партнери. Со поставување на нашите брендови на целните пазари, како и со избор на силни партнерски брендови, ние ги промовираме производите за заштита на здравјето на потрошувачите.

 „Ewopharma е и ќе остане силна фармацевтска компанија и дополнително ќе ја зацврсти својата позиција со лансирањето на нови иновативни терапии. Со развивање на втора деловна единица во полето на производите за заштита на здравјето на потрошувачите, ние сакаме да ги искористиме можностите на пазарот и да ја зацврстиме нашата позиција.“

ШТО Е ВАЖНО ЗА НАС

Клиенти и партнери

Сигурноста, квалитетот и зајакнувањето го обликуваат секој аспект од нашата компанија. Ние сме професионални и компетентни да склучуваме деловни зделки со нашите клиенти и деловни партнери.

„Како швајцарска компанија, ние се придржуваме кон нашите вредности, а токму тие вредности се имплентирани во нашите подружници низ земјите - токму тие вредности ги опфаќаат стандардите според кои сакаме да нè вреднуваат.“

Ние секогаш се стремиме кон негување на нашите долгорочни односи со нашите деловни партнери и клиенти. Духот на овие партнерства го обликува секој аспект од нашата компанија.

„Нашите активности секогаш се водени од чувството на праведност, доверба и желба за справување со сите останати на еднакво рамниште.“

Вработени

Ние претставуваме доверлив работодавач со многу вештини, силно мотивиран и секогаш лојален кон своите вработени.Нашите вработени се справуваат со предизвиците и го ценат делокругот на независни дејства кој им е достапен. Ние секогаш ги поддржуваме во нивниот професионален развој.

Менаџмент
Во нашето седиште, централниот менаџмент ги поставува упатствата за дејствување - земјите подружници ја користат својата дискреција во остварувањето на локалните цели и со тоа учествуваат во напредокот на целата корпорација.

„Се согласуваме за целите кои ќе претставуваат предизвик и обезбедуваме простор за самојстојно дејствување преку делегирање одговорност и овластување.“

Комуникација
Ние обезбедуваме информации, како за внатре во организацијата, така и надвор од истата, и тоа на јасен, навремен и разбирлив начин.

„Ние секогаш поддржуваме и бараме размена на искуства помеѓу земјите. Секогаш се трудиме информациите да бидат достапни, кога и да сè потребни.“

СПОДЕЛИ