НАШИ ВРЕДНОСТИ
Швајцарски квалитет
Како швајцарска компанија, ние секогаш се стремиме да ги олицетвориме вредностите поврзани со нашата земја и народ. Ние секогаш го исполнуваме тоа што ќе го ветиме, почитувајќи ги крајните рокови и договори, како и обезбедување на квалитетни и сигурни перформанси со одличен квалитет. Исто како Швајцарија, ја поврзуваме стабилноста на нашата долга историја и флексибилноста обезбедена со модерен агилен пристап и ефикасни процеси на донесување одлуки.
Страст
Нашата компанија е креирана со страст и ја одржува истата во своето работење до ден денешен. Нашите тимови си ја сакаат својата работа и секогаш со задоволство ќе направат сè за нашите партнери. Овој ентузијазам негува однесување дека „ништо не е невозможно“ и истиот нè донесе денес каде и се наоѓаме и ќе ни помогне да растеме и да се развиваме во иднина.
Традиција
Нашата долга историја ни овозможи богато искуство и експертиза, а тоа го обезбеди нашиот успех во минатото и сегашноста и ќе продолжи во иднина. Ние секогаш се стремиме кон долгорочни партнерства со цел да можеме заедно да растеме и да се развиваме со нашите партнери обезбедувајќи заеднички придобивки. Во оваа динамична индустрија ние секогаш ѝ оддаваме почит на нашата традиција и ја сфаќаме важноста на еволуцијата - како за Ewopharma, така и за нашите партнери.
Одговорност
Ние во Ewopharma сме свесни за одговорноста со која се соочуваме во нашето работење - не само кон нашите партнери, туку и кон пациентите на кои им е потребен третман. Многу ни е значајно етичкото деловно однесување и заради тоа им обезбедуваме на нашите тимови образование и обука која им е потребна за да ја вршат својата работа во согласност со внатрешните и надворешните правила и регулативи.
Лојалност
Ние сме горди на лојалноста од нашите вработени. Ewopharma ги цени различните култури и верувања и секогаш се стреми кон оформување работна средина која го извлекува најдоброто од секој. Ова овозможува формирање на плодни соработки кои се засноваат на доверба и во која комуникацијата се извршува на исто ниво. Ние веруваме дека ова е темелот за долгорочно партнерство и носи придобивки за сите вклучени страни.