Нашата стратегија
Ewopharma се концентрира на две главни деловни единици; фармацевтските производи и производите за заштита на здравјето на потрошувачите. Во согласност со вредностите на нашата компанија, нашата цел е да ги обезбедиме потребните современи третмани за пациентите и потрошувачите. Истото го правиме со градење мостови за фармацевтските компании и брендови од целиот свет преку кој ќе можат да пристапат до нашите пазари во Централна и Источна Европа и Швајцарија. Ние развиваме и имплементираме успешни стратегии подготвени за одреден пазар и насочени кон специфични производи, ретки заболувања, болнички лекови, како и производи за заштита на здравјето на потрошувачите.
ЛЕКОВИ
Лековите го претставуваат најважниот сегмент, како и сегментот со најбрз развој на Ewopharma. Во рамките на овој сегмент ние главно се фокусираме на иновативни и специјалистички лекови кои обезбедуваат значајни придобивки и вредности, примарно во нашите главни терапевтски области на гастроентерологијата, неврологијата, имунологијата и онкологијата. Нашата стратегија во однос на лековите кои се издаваат со рецепт е насочена кон најсовремените производи со најдобри медицински предиспозиции во области каде има неисполнета потреба, како и патентирани и на друг начин јасно разграничени производи.
ЗАШТИТА НА ЗДРАВЈЕТО НА ПОТРОШУВАЧИТЕ
Сè повеќе и повеќе луѓе го земаат в раце своето здравје и здравјето на нивните семејства со лекови кои се издаваат без рецепт. Ние во Ewopharma се трудиме да им овозможиме на што повеќе пациенти и потрошувачи, во рамки на нашите целни пазари, пристап до безбедни, иновативни и етички производи за заштита на здравјето на потрошувачите кои ќе им обезбедат здрав начин на живот и ќе направат разлика во нивните секојдневни животи. Ние ова го правиме заедно со нашите партнерски брендови, но и самите, со помош на Revalid® кој е фокусиран во областите против опаѓање и нега на коса, како и лекови за дигестивно здравје и лекови против кашлица и настинка.