ЗА НАС
Евофарма е компанија-наследничка на M.R. Leclerc & Co. основана во 1959 година. Од самиот почеток, нашиот главен фокус единствено беше насочен кон градење мостови кон фармацевтските пазари во Централна и Источна Европа. Многу се има променето од 1959 година до денес, како на економски, така и на политички план, и за овој период ние се здобивме со многу длабоко познавање на пазарите и ситуацијата низ регионите. Кога започнувавме идејата ни беше да бидеме партнер за маркетинг-услуги за фармацевтските компании, но оттогаш ние успеавме да пласираме на пазарот и наши патентирани производи. Нашиот бренд Revalid® - линија на производи за холистичка нега на коса и третман против опаѓање на косата - беше развиен во 1992 година во Швајцарија. Во 2011 година, извршивме аквизиција на ирската компанија за производство на производи за здравствена заштита Newport Pharmaceuticals Ltd. со што се здобивме со целосно сопствеништво врз лекот Isoprinosine®. Со постојано надгледување од нашето главно седиште во Schaffhausen, Швајцарија, ние сега успешно го насочуваме нашето индустриско знаење и искуство преку лансирање производи на Ewopharma, како и на другите наши партнерски брендови, на нашите целни пазари. Во 2004 година, се придруживме на RX-Alliance, професионална мрежа за соработка помеѓу успешни фармацевтски компании кои се активни на избраните европски пазари.