Правни напомени
Заштита на личните податоци при користење на Facebook
На нашата веб страница е интегрирана компонента на Facebook. Facebook е социјална мрежа – место за социјални состаноци на Интернет кое на корисниците им овозможува да комуницираат едни со други во виртуелен простор. Социјалната мрежа може да послужи како платформа за размена на мислења и искуства или за добивање лични или деловни информации. Facebook им овозможува на корисниците да креираат приватни профили, да поставуваат фотографии и да се поврзат преку барања за пријателство.
Facebook, Inc., 1 Hacker Way, Menlo Park, Калифорнија 94025, Соединетите Американски Држави (САД) е контролор на податоците на субјектите од САД и Канада. Ако субјектот живее надвор од САД или Канада, контролор е Facebook Ireland Ltd., 4 Grand Canal Square, Grand Canal Harbour, Даблин 2, Ирска.
Секогаш кога ќе ја посетите нашата веб страница, на која е интегрирана компонентата на Facebook (Facebook plug-in), веб пребарувачот на Вашиот информациски систем автоматски се поттикнува да испрати приказ на соодветната компонента на Facebook. Преглед на сите Facebook plug-in може да се обезбеди на https://developers.facebook.com/docs/plugins/. За време на овој технички процес, Facebook е информиран за тоа која веб страница сте ја посетиле.
Facebook секогаш прима информации за посетата на нашата веб страница, кога сте најавени на Facebook за време на посета на нашата веб страница. Доколку не сакате овие информации да се пренесуваат на Facebook, одјавете го Вашиот кориснички профил на Facebook пред да ја посетите нашата веб страница.
Упатството за заштита на податоците објавено од Facebook е достапно на https://facebook.com/about/privacy/. Тоа содржи информации за собирањето, обработката и употребата на личните податоци од страна на Facebook.
Покрај тоа, објаснето е какви поставки нуди Facebook за заштита на Вашата приватност. Дополнително, достапни се различни опции на поставки, за да се оневозможи преносот на податоци на Facebook.
Официјалниот профил на Ewopharma Makedonija на Facebook може да се најде на следниот линк https://www.facebook.com/ewopharmamk/
Овде можете да најдете актуелни новости и информации за понудите и промоциите на www.facebook.com/ewopharmamk, и да ни кажете што мислите за нас. Ewopharmamk ги почитува правилата и условите за користење на Facebook (www.facebook.com/terms.php?ref=pf), и го задржува правото да ги отстрани постовите или коментарите со содржини што се:
• порнографски и незаконски
• заведувачки и неточни
• ги прекршуваат авторските или други права на компанијата
• Одобруваат или поттикнуваат незаконски активности
• содржат говор на омраза
• реклами или спам содржини со кои се вознемирува заедницата
• или други коментари кои сметаме дека не се тематски ниту интересни за нашата заедница
Лицата кои ракуваат со овој facebook профил се овластени од Евофарма АГ Претставништво Скопје за обработка на личните податоци. Истите се запознаени со техничките и организациските мерки на Евофарма АГ Претставништво Скопје и со Политиките и процедурите од системот за заштита на личните податоци.
Доколку имате потреба за остварување на некоја ваша потреба да споделите лични податоци, истото треба да се направи во минимум можен обем.
Заштита на личните податоци при користење на Instagram
На нашата веб страница е интегрирана компонентата на Instagram. Instagram е услуга која може да се опише како аудиовизуална платформа, која на корисниците им овозможува споделување на фотографии и видеозаписи, како и ширење на таквите податоци на другите друштвени мрежи.
Facebook Ireland Ltd., 4 Grand Canal Square, Grand Canal Harbour, Даблин 2 Ирска е контролор на личните податоци кои се обработуваат преку Инстаграм.
Секогаш кога ќе ја посетите нашата веб страница, на која е интегрирана компонентата Instagram (копчето Insta), веб пребарувачот на информацискиот систем на корисникот, автоматски бара да преземе приказ од соодветната Instagram компонента. Во текот на оваа техничка постапка, Instagram знае која веб страница сте ја посетиле.
Доколку истовремено сте пријавени на Instagram, Instagram ги детектира сите посети на нашата веб страница од Ваша страна и севкупното време поминато на нашата веб страница. Тие податоци се собираат преку Instagram компонентата и се поврзуваат со Вашиот Instagram профил. Ако кликнете на Instagram копчето кое е интегрирано на нашата веб страница, Instagram ги поврзува овие податоци со Вашиот личен Instagram кориснички профил и ги зачувува личните податоци.
Instagram прима информации преку компонентата Instagram дека сте ја посетиле нашата веб страница под услов истовремено да сте пријавен на Instagram за време на посетата на нашата веб страница. Тоа се случува независно од тоа дали сте кликнале на Instagram копчето или не. Доколку не сакате овие информации да се пренесуваат на Instagram, одјавете се од Instagram профилот пред да ја посетите нашата веб страница.
Дополнителни информации и важечки одредби за заштита на личните податоци на Instagram можат да се најдат на следниот линк https://help.instagram.com/155833707900388 и https://www.instagram.com/about/legal/privacy/.