ИЗЈАВИ ОД НАШИТЕ КЛИЕНТИ

0
Share

Сигурен партнер кој вистински го разбира брендот BioGaia

Барајќи да ја прошириме достапноста на нашите пробиотски производи, го започнавме нашето партнерство со Евофарма пред повеќе од една декада, во 2007. По успешните лансирања во неколку земји нашата соработка се зголеми и вклучува регистрација, дистрибуција, продажба и маркетинг на производите BioGaia во 15 држави во Централна и Источна Европа.

Во текот на годините имавме бенефит не само од долгогодишното искуство на Евофарма на овие пазари, туку и од нивната стручност во обаста на медицинскиот и потрошувачкиот маркетинг. Нивното вистинско разбирање за нашите производи и BioGaia како бренд ги направи еден од нашите топ три партнери на глобално ниво.

Ја цениме Евофарма како високо професионален партнер на кој може целосно да му веруваме. Ние, секако ќе ги препорачаме на секоја организација која бара да го искористи потенцијалот на овие растечки пазари (само не им кажувајте на нашите конкуренти).

0
Share

ПРОФЕСИОНАЛИЗАМ И ОТВОРЕНОСТ ВО ПАРТНЕРСТВО СО ДР. ФАЛК ФАРМА

Повеќе од дваесет години успешно соработиме со Ewopharma. Она што првично започна со Salofalk® и Ursofalk® во неколку одбрани земји, сега прерасна во долгогодишна соработка во која ние ѝ ги доверивме на Ewopharma маркетингот, продажбата и регистрацијата на широкото портфолио на производи на Dr. Falk низ цела Источна Европа.

Големата и добро воспоставена мрежа на Ewopharma во регионот ни овозможи да го прошириме нашиот опсег, преку која сега уживаме големи придобивки од нивната експертиза и познавање на овие пазари, кон кои инаку би било многу тешко да се пристапи. Соработката со Ewopharma, како наш партнер од доверба, секогаш била карактеризирана со професионализам и отвореност.

Со сигурност секогаш би ја препорачале Ewopharma на други фармацевтски компании кои бараат начин како да пристапат до централните и источно европските пазари, и секако со нетрпение очекуваме да го продолжиме ова продуктивно партнерство и во иднина.